На Елена Петреска ѝ стана удобно да позира без градник: Пејачката во топ форма по прележаната корона (фото)

popara6 април, 20211min0
elena

Кон почетокот на годината пејачката Елена Петреска беше хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје поради влошена состојба од инфекцијата со Ковид-19.

Но, борбата на Елена помина со извојувана победа над злото на денешницата, а таа му се врати на животот со полни гради. Оние што ја искусиле короната на своја кожа, знаат дека пост-симптомите не поминуваат со месеци, а како што откри Петреска на својот Инстаграм, неа ја мачи анксиозноста.

-Кога си анксиозен треба да најдеш начин да го смениш фокусот од себе. Мене ова ми е лекот моментално – пишува Елена која преку музика и играње се бори со сите негативни мисли и енергија.

А дека е жена полна со самодоверба, тоа се гледа во секоја приложена фотографија, па дури и кога треба да открие повеќе гола кожа на себе.

Во една од поновите фотографии таа позира во бебешко розов костум, а под сакото не носи градик и ја нагласува женственоста и сензуалноста.


Ова не е првпат да ја видиме во провокативно издание, па може да се заклучи дека на Елена и стана комотно и кога сексапилот е нагласен, но сепак во граници на вкус и префинетост.

Преземено од vistina.com.mk