ТРИТЕ НАЈМОЌНИ СОБНИ БИЛКИ: Го чистат воздухот, носат позитивна енергија и го чуваат здравјето

popara19 април, 20211min0
Cactus-and-Succulent-Garden

Токсините што се наоѓаат во нашиот дом можат да предизвикаат разни здравствени проблеми, како што се главоболка, вртоглавица, слабост. За среќа, природата дизајнираше одлични филтри и прочистувачи на воздухот за нас – домашни растенија. Можеби веќе имате некои од нив во вашиот дом, а доколку ги имате, сега е време да ги набавите.

Кактус

Растенија кои им се омилени на многумина, особено на оние кои се на работа цел ден, поради нивното лесно одржување. Покрај тоа што се благодарни и привлечни по изглед, кактусите имаат голема моќ и да апсорбираат штетно електромагнетно зрачење и ја намалуваат концентрацијата на испарливи органски материи. Нему не му треба ниту голема доза на светлина, ниту влажност, пишува Лепа и Срета.

Фикус

Моќно растение кое е вистински природен филтер за воздух од прашина, габи и бактерии, и што е важно, го неутрализира и чадот од тутун. Важно е да се знае дека фикусот треба да се стави на извор на светлина, и никогаш на промаја.

Алое вера

Лековитите својства на овие билки се познати уште во античко време. Содржи 240 хранливи материи и лековити состојки, вклучувајќи витамини Ц и Б, минерали, манган, цинк, бакар и многу други. Алое вера има силно антибактериско и антифунгално дејство, но интересно е и тоа што совршено ги отстранува штетните материи од воздухот, вклучително и зрачењето од телевизиските екрани и мониторите. Затоа многу се препорачува да го одгледуваат оние кои поминуваат многу време пред компјутер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag