
Раперот Канје Вест сè уште носи го носи венчалниот прстен, иако неговиот брак со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан пропадна. Ким поднесе барање за развод пред два месеци, а од тогаш Канје не се појавуваше премногу во јавноста.
Сега DJ Khaled објави фотографија од Канје, а се гледа дека раперот има прстен на раката. Додека тој сè уште го носи, Ким го извади својот одамна.
“Вистинска приказна: Канје дојде во мојата куќа во осум наутро. Не знаев ни дека доаѓа. Готвачот Мелиса Зунига му направи јајца со кечап и веганска сланина”, напиша диџејот Калед покрај фотографијата.
Иако нивниот развод сè уште не е финализиран, на Интернет кружат гласини дека Ким е во врска со 52-годишниот репортер Ван Џонс. Нејзиниот тим ги демантираше гласините.