
Светски познатата дизајнерка и поранешна членка на познатата група Spice Girls, најпозната сопруга на фудбалер Викторија Бекам, откри досега непознати детали за нејзиниот живот, семејството и идната улога на свекрва, која ја очекува наскоро.
Имено, таа вчера сподели фотографија од младата Никол, свршеница на нејзиниот син Бруклин Бекам во елече од корсет од нејзината последна колекција, и по тој повод најави големи промени во нејзиниот живот.
„Се чини дека идната г-ѓа Бекам повторно е во мојот плакар, но простено ти е бидејќи го обожавам овој VB корсет на тебе“, и вети Викторија на својата идна снаа.
Судејќи според коментарот, модната куќа на Викторија Бекам ќе добие сериозно засилување, а можеби дури и наследник …