
Џастин Бибер ѝ испрати на модната дизајнерка Викторија Бекам познатите Крокс папучи од неговата најнова модна колекција на Drew House. Виолетовите чевли, кои ги украси со животински ликови, предизвикаа смешна реакција од Викторија кога го отвори подарокот, а таа документираше сè на Инстаграм.
„Многу луѓе ме прашуваат што планирам да облечам откако животот ќе се врати во нормала. Што мислиме за овој предлог?!“, напиша Викторија и додаде: „Добро, ова е многу љубезно од Џастин. Никогаш не сум носела пар Крокс папучи. Ова ме насмеа. Мислам, намерата е важна. Ти благодарам многу Џастин ’, напиша таа.
Потоа, таа направи анкета на Инстаграм, прашувајќи ги своите следбеници дали ќе ги носат тие влечки, а резултатите од анкетата покажаа дека скоро сите го делат истото мислење како и поранешната Спајсица.