
Пејачката ја изненади публиката ширум Светот.
Една од омилените холивудски тинејџерски пејачки, Селена Гомез стана препознатлива по својата широка насмевка, харизма и непобитен талент.
Нејзините деликатни одлики беа украсени со долга и темна коса, кои одлично ѝ прилегаа. Но Селена реши да направи драстична промена и стана русокоса, за изненадување на публиката ширум Светот.
Бидејќи минуваше низ тежок период со сериозно заболување и трансплантација, ова беше знак за нејзините следнебици дека го менува животот од корен, во што тие ја поддржуваат.
Гомез се посвети на својата музичка кариера и професионалната фотографија, а од неа можеме да очекуваме нови трансформации во наредниот период.