Наједноставната верзија на ПАНАКОТА со јагоди
Малку трпеливост и краток список на состојки ве делат од извонредниот десерт .
Покрај состојките од сечиј фрижидер, како што се млекото, шеќерот и слатката павлака, ќе ви требаат и миризливи, домашни јагоди и стапче ванила за да го подготвите сезонското издание на панакота.
Подготовката ќе ви одземе околу 15 минути, но имајте на ум дека панакотата треба добро да се излади и исцеди. Предлагаме да ја направите наутро, ако планирате ја послужите попладне – или навечер порано, или ако ја планирате како како сладок крај на ручекот.
Состојки за панакота:
- 3 листови желатин
- 450 мл слатка павлака
- 200 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 1 стапче ванила
Состојки за филот од јагоди:
- 400 гр јагоди
- 1 лажичка пченкарен скроб
- 50 гр шеќер
Подготовка:
Потопете го желатинот во малку ладна вода и оставете го да отстои околу пет минути.
Во меѓувреме, загрејте ги кремот и млекото со шеќер и семки од ванила. Кремот треба да биде добро загреан, но не варен.
Тргнете го од оган и промешајте го омекнат желатин. Не заборавајте да извадите стапче од ванила.
Добро промешајте и оставете да отстои околу 20 минути на собна температура.
Истурете во шест чинии и ставете ги во фрижидер најмалку четири часа.
Пред сервирање измијте ги јагодите, исечете ги на четвртини и ставете ги на оган со шеќер и лажичка пченкарен скроб. Може да изрендате и малку кора од лимон. Гответе пет минути, мешајќи повремено, а потоа оставете да се излади.
Послужете ја панакотата добро разладена, со лажица фил од јагоди.