Можеби сте прележале ковид-19 и без да го знаете тоа: Промените на ноктите се последица на инфекција со корона
Линиите или вдлабнатините на ноктите може да бидат знак на претходна инфекција со вирусот SARS-CoV-2.
Луѓето кои имаат јасна хоризонтална линија на нивните нокти, што наликува на вдлабнатина, веројатно имале инфекција со вирусот, вели професорот Тим Спектор, британски експерт кој прв открил дека ковид-19 е придружен со губење на чувството за мирис и вкус.
Тој сподели фотографија на Твитер, коментирајќи: „Дали ноктите изгледаат чудно?“
Do your nails look odd? COVID nails are increasingly being recognised as the nails recover after infection and the growth recovers leaving a clear line. Can occur without skin rashes and appears harmless pic.twitter.com/Q1Lfdrc9Dc
— Tim Spector (@timspector) May 3, 2021
Ковид ноктите се повеќе се препознаваат како последица на инфекција. Тие можат да се појават без осип на кожата и да изгледаат навидум безопасни, процени професорот Спектор.
Ноктите просечно се обновуваат за шест месеци, така што не секој што има симптоматска, а особено асимптоматска форма на ковид-19, ќе забележи промена на нив некое време. Сепак, професорот Спектор смета дека вдлабнатините на ноктите треба да се следат како еден од индикаторите за претходна инфекција со вирусот SARS-CoV-2.
Она што е познато засега е дека промените во ноктите не се јавуваат кај сите луѓе кои имале ковид-19. Имено, вдлабнатините на ноктната плоча се присутни и кај луѓе кои страдале од друга вирусна инфекција проследена со треска. Тие се исто така чест придружник на одредени кожни болести, како што се егзема или псоријаза.