Кружеа приказни дека ПОЧИНАЛА и има ДВОЈНИЧКА : Оттогаш, Аврил Лавињ сè почесто се појавува во јавноста .

popara6 мај, 20212min0
avril

Пејачката, која беше популарна во раните 2000-ти, се повеќе се забележува во јавноста.

Канадската пејачка Аврил Лавињ (36) се чини дека нема остарено ниту еден ден од објавувањето на нејзиниот сингл „Комплицирано“, што ја направи славна во дел од светот во 2002 година.

Имено, оттогаш поминаа 17 години, а денес 35-годишната Аврил сè уште изгледа како во тинејџерските години.

Таа сега е фотографирана во Лос Анџелес, каде се најде со своите пријатели, а се забележува дека се појавува се почесто во јавноста откако со години кружи теоријата на заговор дека пејачката всушност е „мртва“.

Во оваа прилика, Аврил прошета во комбинација на црна облека, а со пријателите отиде во познатиот ресторан „Нобу“ и не ја симна насмевката од лицето.

Некои обожаватели сè уште тврдат дека Аврил не е меѓу живите, дека починала среде својата популарност и дека е заменета со девојка по име Мелиса која многу личи на неа.

Пред неколку години на веб-страница се појави шокантна теорија, во која се тврди дека познатата пејачка Аврил Лавињ си го одзела животот пред 18 години, а дека нејзината двојничка се појавува во јавноста од 2003 година.

Аврил, наводно, не можела да го поднесе товарот на славата, што ја чинеше живот, а непосредно пред нејзината смрт, според таа теорија, се сретнлаа со девојка која неверојатно личела на неа и со која се договориле да се претставува како пејачката во јавност.

Таа во моментов е во врска со 34-годишниот пејач Мода Сана, со кој често е забележана на плажа во Малибу.

Зад неа има два неуспешни брака. Таа беше со фронтменот на групата „Никелбек“ Чад Крегер од 2013 до 2015 година и со пејачот на групата „Сам 41“ Дерик Вибли од 2006 до 2010 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma