Актерката отиде на снимањето на својот претстоен филм, и оттогаш никој не ја видел
Странските медиуми пред неколку дена напишаа дека 53-годишната актерка Џулија Робертс отпатувала во Австралија за да го снима својот претстоен филм со 60-годишниот актер и режисер Џорџ Клуни. Но, сега се појави прашањето каде всушност се наоѓа Џулија, бидејќи никој во Австралија не ја видел.
Плажите во Австралија се преполни со посетители, па обожавателите често имаат можност да ги видат своите омилени актери како поминуваат време таму. Сепак, Entertainment Times пишува дека никој не ја видел Џулија откако наводно стигнала таму.
„Ако снимањето сè уште не е започнато, малку е чудно што не е забележана како максимално ја користи својата слобода во Австралија“, изјави извор за медиумите. Тој додаде дека познати личности како 37-годишниот Крис Хемсворт, 30-годишната Рита Ора и 39-годишната Натали Портман често се гледаат во јавноста, што дополнително ги заинтригира бидејќи не ја виделе Џулија.
Бидејќи Џулија не е тешко да се забележи, изворот додаде дека тешко дека фановите не би ја забележале во јавност. Но, постои можност актерката да поминува време со нејзиниот 52-годишен сопруг Даниел Модера и децата, кои исто така се во Австралија.
Патем, веќе подолго време се шпекулира дека нејзиниот брак со Модера е на стаклени нозе. Нејзините пријатели неодамна за странските медиуми изјавија дека се загрижени за Џулија затоа што изгледа „многу слаба и тажна“.
Светот повеќе од една година збори за тоа дали нејзиниот долгогодишен брак со снимателот Даниел се распаѓа, а вистинските информации за тоа протекуваат. Неименуван извор за списанието ОК! еднаш изјави дека нивната врска се подобрила кога започнале да одат на брачно советување. Други, пак, тврдеа дека Робертс барала утеха во прегратките на други мажи.