3 знаци на Зодијакот на кои поранешните љубови ќе им се вратат во животот оваа недела: Минатото повторно тропа на вратата

popara7 мај, 20211min0
hands-34026331920-830x0

Токму сега кога мислевте дека конечно сте завршиле – тие се враќаат во вашиот живот и сакаат да „разговараат“

Меркур и Венера неделава се за последен пат во Бик. Астролозите најавуваат дека за луѓето родени во овие 3 знаци на Зодијакот, овој аспект ќе донесе промена во емоционалното поле – некој од минатото ќе им тропне на вратата.

1. Бик

Овој месец, вие не само што ќе се чувствувате силно, туку и привлечно. Иако ова звучи одлично, овој вид на привлечност е како магнет над кој немате контрола, што значи дека ќе привлечете сè – и доброто и лошото и несаканото.

Затоа, држете ги очите ширум отворени, бидејќи некое лице од минатото може да се појави на крајот на неделата. Случајната средба можеби не ви значи ништо, но големи се шансите некој да сака да се врати во вашиот живот. Веројатно нема да бидете воодушевени од идејата, особено ако станува збор за некој што некогаш емотивно ве повредил.

Не гледајте назад, силно се боревте да стигнете таму каде што сте; не ви треба никој од минатото да ве вовлече назад. Не грижете се – Меркур е на ваша страна, лесно вербално ќе се заштитите од понуда што не ви одговара.

2. Близнаци

Во текот на овој месец, Венера ќе ги вмеша прстите кога станува збор за вашиот љубовен живот, и може да биде многу упорна. Тогаш, кога мислите дека конечно сте ја преболеле личноста која порано ви била сè на светот, таа се враќа во вашиот живот и сака да „разговара“.

Иако овој гест донекаде ќе го нахрани вашето его, на крајот сепак ќе одлучите да не и дадете нова шанса на вашата стара љубов.

А сепак, во длабочините на вашата душа ќе го „развивате филмот“ во стилот „што би било кога би било“, но на крајот, разумот сепак ќе ги надмине емоциите.

3. Девица

До крајот на неделата, лице од минатото повторно ќе влезе во вашиот живот, но најверојатно на некој неконвенционален начин – можеби преку социјалните мрежи. Ова ќе ве изненади, но и донекаде ќе ве вознемири, бидејќи сте навикнати да бидете во вашата удобна зона од каде што немате намера да излезете туку така.

Сепак, бидете подготвени за помал емотивен земјотрес, бидејќи планетите „играат“ вака оваа недела. И покрај фактот дека претежно сте задоволни од тврдоглавоста и бескомпромисното однесување, одеднаш ќе уживате во нешто што претходно не сте го направиле.

Одлуката дали да го „загреете вчерашниот ручек“ зависи од вас; другата страна ќе покаже дека е подготвена како ловџиска пушка да се врати во вашите раце и да покаже колку прекрасна и моќна љубовта може да биде.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma