Драматичниот живот ги остави зад себе
Познатиот актер Том Круз последните неколку месеци ги минува во Лондон каде го снима новиот филм „Misson: Impossible 7“. Покрај работата, 58-годишникот и приватно ужива до тој степен што планира дури трајно да се пресели во Велика Британија, тврдат странските медиуми.
‘Ужива во својот таен живот. Може да оди во книжарница, продавница, каде сака, сè додека носи капа и маска за луѓето да не го забележат. Тој се чувствува како обичен граѓанин и многу ја сака приватноста “, изјави неименуван извор за Entertain Times. Во меѓувреме, актерот неодамна се најде и на насловните страници со обвинувањата дека уште повеќе се оддалечил од неговата ќерка, 15-годишната Сури, која ја доби со 41-годишната Кети Холмс Тој, наводно, не ја видел својата ќерка со години, но има и обвинувања дека пред две години Сури и таткото организирале таен состанок што на Кејти воопшто не и се допаднало.