Мајката и ќерката решија целосно да ги преуредат своите дворови, кои се наоѓаат еден покрај друг, за што издвоија цело богатство…
Популарните мајка и ќерка, Крис Џенер и Клои Кардашијан одлучија да го реновираат својот имот, за што искешираа цело богатство.
Имено, Крис и Клои имаат пространи имоти во Калифорија, кои се еден до друг, а за нивното реновирање издвоија дури 37 милиони долари, пишуваат странските медиуми. На снимките од нивниот канал на Јутјуб, јасно се гледа дека веќе работат на случајот, бидејќи целото земјиште е раскопано, а се реновира и базенот.
Познато е дека овие богати дами се малку разгалени, поради што веруваме дека и овој пат по реновирањето, секој детал ќе биде по нивен вкус, желба и замисла.