За да ги запознаат нивните идоли, овие луѓе се подготвени на сè! Еве што направија
Познатите личности отсекогаш заземале посебни места во животот на своите обожаватели
Сведоци сме на разни ситуации, но дефинитивно има фанатици кои се подготвени на сè, само за момент да им се приближат. Некои од светските sвезди ги имале овие непријатни искуства.
Џастин Бибер ги освои срцата на многу тинејџерки ширум светот, па затоа не сме изненадени што група девојки се обидоа да му пријдат, криејќи се во контејнер. Девојчињата се надевале дека на тој начин ќе можат да влезат во зградата каде што Бибер настапи незабележано од некој што внесува контејнери внатре. За жал, тие не успејаа во намерата.
За време на настапот на Бибер во Велика Британија, обожавателите толку пати се јавуваа на рецепција во хотелот во кој престојуваше, што хотелот на крајот го сменил телефонскиот број.
Тејлор Свифт толку фасцинираше еден обожавател што тој без размислување скокнал во океанот и се обидел да исплива до нејзината куќа на плажата на Род Ајленд. Полицијата го запрела момчето пред да стигне до брегот на Тејлор.
Откако славната пејачка Џеси Џеј ја скрши ногата, на една нејзина обожавателка а дошла идеја како да и пријде. Мислела дека заеднички проблем сигурно ќе ги обедини, па решила намерно да ја скрши ногата! Девојчето по посакуваното кршење испратило порака до пејачката, велејќи дека е подготвена да стори се за да биде како неа.
Еден од најбизарните обиди го направи обожавател на Том Фелтон, ѕвездата на филмовите за Хари Потер. Кога Фелтон беше во посета на Америка, кога тој сè уште беше малолетник, постар фан се обидел да го посвои! Тој ги собрал сите документи потребни за посвојување и му ги предал на младиот Фелтон.