Колку време треба да почекате после испиен пијалок пред повторно да седнете зад волан?

popara10 мај, 20211min0
pijani zad volan

Треба да бидете претпазливи со алкохолот, особено со проценката кога можете да возите .

Нема потреба дополнително да се зборува за опасностите од алкохол додека возите. Многу возачи, за жал, не чекаат отрезнување и се опиваат уште додека седат зад воланот на возилото, а многумина мислат дека се подготвени да возат половина час или еден час после пијачка. За жал, тоа не е точно, а прекумерната самодоверба може да биде и опасна.

Алкохолот останува во организмот подолго време. Во Обединетото Кралство, една четвртина од возачите беа казнети за возење во пијана состојба од 5 до 11 часот (и таму е дозволено 0,8 промили). Што ни кажува тоа? По една ноќ пијанство, алкохолот останува во телото и возачите сè уште не се подготвени да седат зад воланот на автомобил.

Значи, треба да се биде внимателен со алкохолот, особено со проценката за тоа кога може да се вози. Како алкохолот ќе влијае на вас? Тоа зависи од полот, возраста, метаболизмот, тежината на потрошувачот, видот на алкохол, она што сте го јаделе пред да пиете, нивото на стрес на кое сте изложени…

Британската организација за безбедност на патиштата Road Respect ја анализира потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки колку долго треба да чекате после пиење, односно колку алкохол останува во организмот, пренесува ХАК Преглед.

Чаша вино (13,5 проценти алкохол):
една чаша – 3.5 ч.
две чаши – 7ч.
три чаши – 10,5 ч.
четири чаши – 14 ч.
пет чаши – 17.5 ч.


Чаша жесток пијалок (40 проценти алкохол):
една чаша -1.5 ч.
две чаши -3 ч.
три чаши – 4,5 ч.
четири чаши – 6 ч.
пет чаши – 7.5 ч.


Пиво, лагер (5 проценти алкохол):
една чаша – 2.5 ч.
две чаши – 5 ч.
три чаши – 7.5 ч.
четири чаши – 10 ч.
пет чаши – 12.5 ч.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma