УБАВИТЕ ЖЕНИ СЕ ФАТАЛНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА МАЖИТЕ: Лекарите тврдат дека овој ХОРМОН е ВИНОВЕН за сè

13 мај, 2021
929299_profimedia0103986772_ls

Истражувачите испитувале 84 студенти така што решавал загатка судоку, индивидуално и во посебни простории.

Мажите сакаат да бидат во друштво на убави жени.

И нема ништо лошо во тоа.

Или, сепак, има.

Барем кога е здравјето во прашање.

Научно објаснетиот факт на истражувањето на Универзитетот во Валенсија наведува дека само пет минути во друштво на убава жена го зголемило нивото на кортизол кај мажите – хормон на стрес.

Наводно, овој ефект бил засилен ако имало жена која е „надвор од нивната лига“.

Хормонот кортизол се произведува од надбубрежната жлезда во време кога едно лице е под физички или ментален стрес, и е во директна врска со срцевите и бројни други заболувања.

Истражувачите испитувале 84 студенти кои решавале загатка судоку, индивидуално и во посебни простории.

Во собата имало две непознати лица, еден маж и една физички привлечна жена.

Секогаш кога женското лице излегувало од собата и двајцата мажи останувале да седат заедно, нивото на хормонот на стрес кај испитаниците не се зголемувало. Но, ако субјектот останел сам во собата со жената, неговото ниво на кортизол би се зголемило.

„Во оваа студија започнавме од претпоставката дека повеќето мажи, во друштво на убава жена, се чувствуваат како да е идеална можност за додворување. И додека некои мажи ги избегнуваат убавите жени поради верувањето дека тие се „надвор од нивната лига“, повеќето мажи всушност ќе имаат одредена хормонална реакција“, се вели во студијата.

Нивото на кортизол кај мажите се зголемува по само пет минути краток социјален контакт со млада привлечна жена, покажа студијата.

Во мали дози, кортизолот може да има позитивен ефект, сепак, хронично покачениот кортизол влошува одредени здравствени состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетес, хипертензија и импотенција.

escort - Korsan taksi