Сите имаме некоја мана, а Милена Антовска за својата вели: „Дали е тоа добро или не, не знам!“

popara14 мај, 20215min0
mil;e

 Никој не е совршен, па секој од нас си има свои позитивни и негативни страни, а оние што не сакаат, секогаш се тука да не прифатат онакви какви што сме, со сите свои мани или недостатоци.

Но, исто така да бидат среќни поради сите оние доблести кои ги имаме…

ТВ водителката Милена Антовска Станковска е свесна за своите недостатоци, а не се штеди тоа да го сподели јавно во Инстаграм објава во која вели:

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме. Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Мана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже, пишува Милена.

И разбирливо, едни ќе се согласат со тоа, други пак не… Сепак, она што е најважно е ние да ја чувствуваме таа позитива во себе и да ја рефлектираме кон останатите, а најмногу кон најблиските.

Зашто никогаш нема да им биде погодено на сите, но барем сте се потрудиле!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma