ОФИЦИЈАЛНО Е: Раскинаа Кети Холмс и Емилио Витоло

popara15 мај, 20211min0
profimedia-0365211655

По осуммесечна романса, познатата 42-годишна актерка Кети Холмс и нејзиното девет години помладо момче, готвач и косопственик на њујоршки ресторан Емилио Витоло Џуниор, раскинаа. Портпаролот на поранешната sвезда на Доусон Крик, која има 15-годишна ќерка со актерот Том Круз, потврди дека парот раскинал. „Тие раскинаа од заеднички причини, но сепак остануваат пријатели“, рече тој за US Weekly.

Katie Holmes

Изворите велат дека работите меѓу нив едноставно не функционирале и затоа Кети решила да се фокусира на мајчинството и нејзината кариера. Уште во минатиот месец имаше шпекулации за заладување на нивната врска. Неименуван извор за Пејџ Сикс тогаш изјави дека Кејти има и други приоритети во нејзиниот живот. „Таа е самохрана мајка, нејзината ќерка секогаш е на прво место и сè одеше многу брзо“.

Katie Holmes

Пред неколку дена имаше сè погласни гласини за нивниот раскин. „Кејти реши да раскине откако доби лошо чувство за нивната врска. Изгледаше дека не се сложуваа добро, па таа реши да се повлече. Таа дури започна да се прашува дали Емилио има скриени мотиви во врската. Прво, нејзините пријатели ја предупредија дека Емилио ја користи само за слава. Таа беше заслепена од љубовта и одби да слуша пријателски совет, но кога заврши фазата на првите пеперутки во нејзиниот стомак, таа почна да се прашува дали тие навистина биле во право цело време “, открил неименуван извор за In Touch Weekly.

Katie Holmes i Suri Cruise

Кети и Емилио се поврзаа во септември минатата година, а својата врска ја потврдија со објавување на Инстаграм во декември. Јавното признание се случи на 42-от роденден на Кејт. Сега веќе поранешната двојка се запозна во ресторанот на таткото на Емилио во Њујорк, каде што тој работи како готвач. Кети Холмс одеше таму редовно додека се забавуваше со актерот Џејми Фокс. Извор за Мирор во тоа време откри дека Кејти, која не е највешта во кујната, го замолила Емилијо да и помогне да ги усоврши своите вештини кога се вратила во Њујорк затоа што била уморна од секогаш да порачува и да готви иста работа.

Иако тие исто така зборуваа за заеднички живот, а Емилио дури планираше да се пресели во куќата на Кети Холмс, врската сепак не успеа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma