Многу фактори предизвикуваат стареење на кожата, а најголем фактор е нашиот животен стил. Ако често сте изложени на стрес, јадете нездраво, консумирате премногу алкохол и цигари, сето тоа ќе предизвика производство на радикали повеќе од вообичаено, а тоа е главната причина за стареење на кожата.
Ви донесуваме одлична анти-ејџ масажа на лице во која ќе уживате и ќе го вратите вашиот младешки изглед.
За да постигнете здрав и сјаен изглед на кожата на лицето, масирајте ја! Масажата на лицето ќе го отстрани загрижениот и уморен израз на лицето, ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе ги релаксира напнатите мускули на лицето.
Со масажа, ќе го стимулирате целото лице и ќе ја забрзате циркулацијата. Најдобро од сè, масажата на лицето делува исто како третман за подмладување. Анти-ејџ масажата на лицето ќе ја ревитализира кожата, ќе го забави процесот на стареење на кожата и вашето лице ќе блесне. Овој вид масажа најдобро се применува еднаш неделно.