ВЕЧЕРА ИЛИ ПРЕДЈАДЕЊЕ: Вака се прави најдобрата пита со месо и печурки (РЕЦЕПТ)
Ако во вашето семејство се приближува некаква прослава, користете го овој совршен рецепт и направете ги најдобрите пити за предјадење.
Состојки:
300 гр мелено месо
1 кромид
200 гр печурки
2 лажички масло
сол, бибер
250 мл павлака
малку вода
кори за пита
Подготовка:
Загрејте го маслото, додадете ситно исечен кромид, месо, потоа сол и црн бибер. Додадете ги печурките, и на крај додадете ја павлаката и соединете ги сите состојки. Се топи маслото и се додава малку вода. Во тавата прво ставете кора, посипете со масло, потоа искината кора на парчиња, па повторно масло. Додадете го филот, па искината кора што ќе ја испрскате со масло и затворете ја питата. Превртете го калапот. Премачкајте ја питата, ставете ја во плех за печење и печете на 200 ° C 30-35 минути.