ЌЕРКАТА НА БРУС ВИЛИС И ДЕМИ МУР ПОМИНУВА НИЗ ТЕЖОК ПЕРИОД: Се казнував себеси затоа што немам лице како мама! (ФОТО)

popara23 мај, 202110min0
250183_profimedia0460734579_ls

„Се обвинував себе дека сум како татко ми и верував дека моето машко лице е единствената причина што другите не ме сакаат“

Најмладата од трите ќерки на познатите холивудски актери Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, зборуваше многу отворено и искрено за нејзината борба против дисморфијата на телото во последните неколку години, а сега откри како во детството дури и „се замерувало“за тоа што повеќе личи на татко ѝ отколку на мајка ѝ.

„Се казнував затоа што не изгледав како мајка ми, откако сите постојано ми велеа дека сум „близнак на татко ми“ од раѓање… Се обвинував себеси за таа сличност и верував дека моето „целосно машко лице“ е единствената причина што на другите не ми се допаѓам“, призна 27-годишната Талула во објава на Инстаграм, каде детално ја опиша својата битка со физичкото дисморфно нарушување.

Со текот на времето, додава таа, сепак научила како да се справи со несигурноста.

“Бев и сè уште сум вредна сама по себе, во која било фаза од животот, без оглед на конфекциската големина што ја носам, без оглед на косата што ја имам во тоа време! Исто како тебе! Стареењето се случува без наша контрола, времето поминува и нормално е дека лицето ќе се промени… Луѓето првенствено треба да ги смират раните во сопствената душа пред да се обидат да поправат нешто што е надворешно, што е физичко“, рече ќерката на холивудскиот пар.

Таа ги повика другите што живеат со телесно дисморфно нарушување „да не се срамат“. Инаку, споменатото нарушување се дефинира како преокупација со замислен или мал естетски дефект што предизвикува значителна вознемиреност или се меша во социјалните, професионални или други дејства.

“Ова не е глупаво, залудно прашање, туку вистинска психолошка болка. Не плашете се да побарате стручна помош ако видите дека не можете сами да се справите со тоа”, напиша таа на Инстаграм.

Оваа модна дизајнерка, која своевремено се проба и во актерството, ги отстранила сите огледала од домот и сега ги користи само при миење на лицето и забите.

„Одморете се од социјалните мрежи, пронајдете сигурен круг на луѓе, прошетајте, слушајте музика, направете си опуштачка купка, запишете ги своите чувства…“, советува Талула.

Трогателната објава ја искоментира и нејзината мајка Деми, која напиша: „Убаво го срочи ова“.

„Ти си совршена комбинација на двајцата родители и тоа те прави единствена“, додадоа следбениците.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag