Кога ќе останете без инспирација, тиквичките се вистинскиот пролетен избор за вкусно јадење
Печена тиквичка е совршен избор за пролетен и летен оброк, без разлика дали ги јадете како главно јадење или како прилог.
Ако ви снема инспирација да го израдувате вашето семејство за ручек, овој рецепт е совршен за вас.
За да ги подготвите, потребни ви се само неколку намирници кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна.
Состојки:
2 млади тиквички
5 лажици пченкарно брашно
3 лажици презла
5 лажици пченично брашно
1 лажичка мелена црвена пиперка
100гр рендан кашкавал
3 чешниња лук
3 јајца
50 гр сирење
1 полна лажица кисела павлака
Сол
Сусам
Ким
Магдонос
Подготовка:
Излупете ги тиквичките и исечете ги на тенки парчиња. Измешајте ги и оставете 15 минути да се ослободи вишокот течност. Исцедете ја водата и додадете го исечканиот лук на тиквичките.
Ставете сирење и павлака во сад, измешајте и додадете јајца и рендан кашкавал. Мешајте додека сè не се соедини. Измешајте пченкарно и пченично брашно, презла и црвена пиперка во посебен сад.
Потопете ги листовите од тиквички во јајца, потоа во мешавина од брашно, па повторно во јајца и брашно. Тавата намастете ја со масло и наредете тиквички. Истурете ја преостанатата мешавина од јајца над тиквичките и исечкајте магдонос.
Одозгора посипете сусам. Печете на 210 степени околу 30 минути.