Дамијано Давид, член на италијанската рок-група „Манескин“, беше подложен на тестирање занаркотици, откако беше обвинет за сомнителни дејствија за време на директниот пренос на 65-то финале на Евровизија, а резултатите од тестовите ги потврдуваат тврдењата на Дамијан. Имено, тестот за наркотици на пејачкот е негативен.
Дамијано Давид, главниот вокал на италијанскиот бенд „Манескин“, кој викендов убедливо ја понесе шампионската титулата на последната вечер на Евровизија, го помина тестот за дрога. Видеото на кое се гледа како 22-годишниот Дамијан ја држи главата над масата за време на преносот во живо на 65-то финале на Евровизија, предизвика сомневања. Снимката стана вирална, за кратко време беше споделена на различни платформи, а однесувањето на Дамијан предизвика шпекулации. На обвинувањата, пејачот одговори со силно и остро негирање за земање нелегална дрога и рече: „Не користам кокаин“.
Говорејќи на прес-конференцијата, каде го дочекаа со овации, Дамијано рече дека гитаристот Томас Раџи скршил чаша и му помагал да се исчисти стаклото и дека не станува збор за дрога. „Томас Раџи скрши чаша … Тоа беше стакло. Ве молам, не ме прашувај така. Јас не се дрогирам. Без кокаин, ве молам … Немојте така да зборувате“, рече Дамијано на прес-конференцијата и брзо ја смени темата.
После тоа, бендот објави на својот Инстаграм профил: ‘Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано бил на дрога. Ние сме навистина ПРОТИВ дрогата и никогаш не сме шмркале кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја свириме нашата музика и среќни сме што победивме на Евровизија. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржуваат! Рок ен ролот никогаш нема да умре, ве сакаме!’