На крајот на оваа година, Марвел подготвува уште еден спектакл со суперхерои. Станува збор за филм наречен „Eternals“, во кој играат некои од најголемите светски sвезди. Една од нив е Анџелина Џоли, која ќе го толкува ликот на Тена.
Главната улога ја има и Селма Хајек, која ја игра Ајак, како и ѕвездата на „Игра на тронови“ Кит Харингтон, кој го игра ликот Ден Витман.
Филмот „Eternals“ се базира на истоимените ликови од стриповите на Марвел. Во режија е на Клои Жао, а сценариото го напишаа Метју и Рајан Фирпо. Покрај Анџелина Џоли, во оваа продукција играат и Селма Хајек и Кит Харингтон, Ричард Маден, Џема Чен, Кумаил Нанџиани, Лорен Ридлоф, Брајан Тајри Анри, Лаја Мекју, Дон Ли и Бери Киоган.
Во филмот, Eternals се обединуваат за да ја спасат Земјата од нејзините непријатели, Девијантите.
Како што е најавено, ова остварување ќе биде прикажано во американските кина во ноември.
Додека филмот не пристигне кај нас, погледнете го трејлерот: