Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска која со децении живее и работи во Белград, ја омажи и помалата ќерка Андреа, а наскоро ќе стане и по втор пат баба. Андреа Оџаклијевска, помалата наследничка на Маја, која израсна во вистинска волшебна девојка што може да им парира на најпознати убавици се омажи за своето долгогодишно момче Милош Живковиќ во Белград.
Убавата Андреа која наследела многу работи од мама Маја, меѓу другото, широката насмевка и нејзиниот животен избраник најпрвин се заколнаа на вечна верност пред Бога, откако се венчаа во црквата Александар Невски во Белград, а потоа направија вистинска мала семејна веселба на отворено, во еден локал на брегот на реката Сава.
Откако го завршија венчалниот обред според познатите црковни православни обичаи, од пред божјиот храм младите беа дочекани и испратени со плех музика и трубачи, а зетот Милош, инаку роден брат на познатата српска манекенка Дејана Живковиќ, беше дарежлив и се потруди богато да ги „закити“ со крупни банкноти од српски динари и евра свирачите.
Иако заради корона пандемијата и пропишаните протоколи бројот на гости беше ограничен, присутните на свадбената веселба ги забавуваше бенд во живо, а не недостасуваа и сите останати салтанати – од масата за младоженците до невестинската торта на четири ката.
Свадбата кулминираше на стемнување со огномет за брачна среќа и бериќет на младоженците…
Преземено од 24info.mk