Врз основа на шест одделни студии во кои учествувале повеќе од половина милион учесници, се покажало дека триесет минути физичка активност, пет дена во неделата, го намалува ризикот од болест и смрт од заразни болести за 37 проценти…
– Откривме и веродостоен доказ дека редовната физичка активност го зајакнува имунитетот – додадоа истражувачи од универзитет во Глазгов.
Преку 35 независни рандомизирани контролирани испитувања, по златен стандард за научни докази, се покажа дека редовната физичка активност доведува до покачено ниво на имуноглобулин (антитело) IgA кај испитаниците.
Не треба да заборавиме дека физичката активност го намалува стресот и хроничното воспаление, што пак влијае на помалата веројатност за развој на инфекции со фатален исход, заклучиле истражувачите.