Сладоледот „Serendipity’s Golden Opulence Sundae“ заработи место во Гинисовата книга на рекорди како најскапо уживање во светот, бидејќи се продаде за неверојатни 1.000 долари, што е нешто повеќе од 800 евра.
Десертот, кој мора да се нарача најмалку 48 часа однапред, е во комплет со три топки тахитијски сладолед од ванила, покриен со 23-каратни златни лисја, како и бадеми, кавијар и златни орхидеи кои се прават осум часа, и зашеќерено овошје од Париз.
Сладоледот се служи во чаши од кристалот Бакарат од 350 американски долари (обложено со повеќе 23-каратни златни лисја), и 18-каратна златна лажица.
Сладоледот содржи само најквалитетни состојки, вклучувајќи скапо чоколадо од Тоскана и зрна ванила увезени од Мадагаскар.
Корнетот содржи сладолед прелиен со карамелизирани пекани, тартуфи од бело чоколадо, макаронси од малина, пипети исполнети со овошје и дијаманти за јадење, а исто така има и златни листови.