Протокот на информации во светот со јачина на цунами

popara19 јули, 20111min00
cunami

Количината на информации во светот се удвојува на секои две години, ставајќи ги на проба фирмите кои се бават со организирање на нивниот проток, чија јачина се споредува со цунами, покажа новата студија на фирмата IDC, која се занимава со истражување на пазарот.

Кога некој би пробал да ги спакува сите дигитализирани информации на едно место, тоа би била огромна задача, изјави за Гласот на Америка Сајрус Џилберт-Ролф од консултантската фирма EMC.

„Тоа е огромен број на податоци. Во годишен смисол зборуваме за количина која би исполнила 57 и пол милијарди таблет компјутери од типот ајпед од 32 гигабајти. Тоа е како кога Големиот Кинески Ѕид би бил со двојна височина, а изграден од таблет компјутери“, објаснува Џилберт-Ролф.

Автори на студијата предвидуваат дека оваа година ќе бидат произведени 1,8 зета-бајти, односно 1,8 билиони гигабајти дигитални информации – 75 посто произведени од поединци, додека фирмите одговорни се за околу 80%   од податоците во некој момент од нивното траење.

Истакнувајќи дека тоа ствара проблеми но и дека отвара можности, објаснуваат стручњаците објаснувајќи сега да се бават со аналитика во реално време. „Поминаа деновите кога можевте безгрижно да се однесуваме према работните информации произведени во претходните недели. Сега тоа може да значи предност на пазарот. Секој сака да има што пореална слика за протокот на информации. Друга работа која ќе влијае на процесирање на информациите е експлозија на директните комуникации меѓу машините“, кажува Џилберт-Ролф.

Таа комуникација ќе биде од критична важност бидејќи се очекува дека просторот на серверите да се зголеми за четири пати до 2020 година, додека бројот на луѓе кои работат на процесирање на информации ќе порасне за само 1,5 %.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma