Жените имале желба да ја менуваат бојата и да ја разубавуваат својата коса уште од античко време
Додека во антички Египет, црната коса била особено ценета, во античка Грција, косата со задоволство се осветлувала со маслиново масло, полен и честички од злато и долг престој на сонце.
Состојки како што се маслиново масло, мед, лимон, сода бикарбона, со кои природно можете да ја осветлите косата, денес се достапни и за вас.
Иако русата боја може лесно да се постигне во фризерските салони, резултатот е често оштетена и испукана коса без сјај.
Со примена на хемиски избелувачи, вие всушност го отстранувате пигментот што природно го има вашата коса.
Исто така, со честите „избелувања“ и боење на косата ризикувате здравствени проблеми, како што се алергии и иритации на кожата.
Зошто би ризикувале само за посакуваната нијанса кога можете природно да ја осветлите косата дома?
Иако вашата коса нема да стане руса, туку само за нијанса или две посветла, таа ќе остане здрава и густа и ќе добие посебен сјај.
3 природни начини да ја осветлите косата:
1. Мед и цимет
Комбинацијата од мед и цимет навистина прави чуда кога станува збор за осветлување на косата.
Во контакт со циметот се активираат трагите на водород пероксид присутен во медот, а откако оваа смеса ќе остане на вашата коса доволно долго, таа ќе добие две нијанси посветол тон.
Примена
Измешајте 2 лажици мед со 1 лажица цимет и 1 лажица маслиново масло (за дополнителна хидратација).
Оставете ја смесата да отстои околу половина час, а потоа нанесете ја на косата, обликувајте ја во пунџа и ставете капа за туширање.
Оставете да отстои најмалку 4 часа или, уште подобро, преку ноќ. Потоа исплакнете.
2. Камилица
Освен што е одлична како смирувачки чај, оваа нежна билка се користи и како природен осветлувач на косата.
Примена
Направете јак чај од исушени цвеќиња од камилица и оставете го да се олади малку.
Потоа нанесете на косата. После тоа, излезете на сонце и оставете ја косата да се исуши околу половина час. Исплакнете со природен шампон.
3. Лимон
Благодарение на својствата за избелување на лимонската киселина, лимонот се користи со години за осветлување на косата.
Примена
За малку да ја осветлите косата, измешајте 1 лажица сок од лимон со литар и половина вода. За посилен ефект на осветлување, потребни ви се 3 лажици сок од лимон и 2 чаши вода.
Ако сакате, можете да додадете неколку капки есенцијално масло од лимон во водата, што исто така има ефект на осветлување.