Кејт Винслет, хероината на „Титаник“, го чува Оскарот во тоалетот и не ги трга рацете од својот млад сопруг! (ФОТО)

popara3 јуни, 202110min0
7ebc15a015b4060a8882cc2d4d81b52d40568c98

Кејт Винслет е мажена за нејзиниот помлад сопруг Едвард, за кого вели дека е нејзин херој.

Само што ја гледавме во серијата „Mare of Easttown“, а Кејт Винслет деновиве се најде во центарот на вниманието на јавноста поради нејзиниот сопруг. Неговото име е Едвард Абел Смит, а тој е повеќе познат по прекарот Нед Рокенрол.

Култниот филм „Титаник“

Кејт Винслет (45) беше sвезда на филмот „Титаник“, каде што ја гледавме со многу познати актери како Леонардо ди Каприо. Добитничката на Оскар за најдобра глума, по филмот „Титаник“, имаше исклучително успешна кариера, но и приватен живот.

Таа се омажи за Едвард Абел Смит (43) во 2012 година и со него го има синот Беар (7). Кејт од претходните бракови ги има ќерката Миа (29) и синот Џо (17).

Едвард има потешка форма на дислексија.

– Јас сум многу среќна! Тој се грижи за нас, особено за мене. Секој пат кога ќе го прашам: Можеш ли да направиш нешто за мене? Тој одговора: Јас можам се! Навистина е уникатен партнер – вели Кејт Винслет за нејзиниот сопруг.

Дислексијата му го отежнува читањето

Едвард има дислексија и тоа посериозна форма, бидејќи многу тешко да се чита. Тој се нарекува себеси Нед, а Кејт на шега вели дека е нешто сосема спротивно од неа, како Северниот и Јужниот Пол. Едвард не работи, домаќин е и се грижи за децата и за неа.

– Тој е веган, вежба јога, плива во ладна вода и воопшто не планирал да се ожени со позната жена – истакнува Кејт.

Интересно е што Кејт го чува Златниот оскар во тоалетот.

– Во моментов, не знам каде е, мислам дека мојот син го однесе од тоалетот и си игра со него и жал ми е што гостите во мојата бања не можат да вежбаат благодарност за најголемата актерска награда – заклучува Кејт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma