Латино-sвездата, 44-годишната Шакира, во неодамнешното интервју го раскажа своето искуство на депресија поврзано со крварење на гласните жици во 2017 година, пред турнејата во Ел Дорадо. Таа ја раскажа својата приказна со голема храброст, сакајќи да им биде пример не само на своите деца, туку да нè потсети дека не треба да земаме ништо здраво за готово, особено здравјето.
‘Мислев дека многу работи во животот постепено ќе ме напуштат – убавина, младост, но никогаш не помислив дека мојот глас може да го стори тоа, бидејќи е толку вкоренет во мојата природа. Тој е мојот идентитет, а неиздржливо е да не можам да пеам“, рече Шакира, која во одреден момент од животот не можеше да зборува, па мораше да комуницира со сопругот и децата со гестикулации со рацете.
„Не можев да бидам позитивна, напротив, бев многу голем песимист. Беше многу тешко да се биде околу мене, а мојот сопруг Жерард Пике го проживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ни да станам затоа што бев во депресија. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува“, вели оваа поп музичарка која западна во уште поголема депресија кога сфати дека мора да ја одложи турнејата. Тогаш лекарите ја советувале да се подложи на операција на гласните жици. „Отсекогаш сум одбивала да експериментирам со алтернативни методи како што се хипноза, медитација, па дури и благословената вода во Лурд. Но, никогаш не се откажав од мојата борба и на крајот гласот ми се врати без никаква операција. Тоа беше божествена интервенција“, рече Шакира.
За среќа, во 2018 година, таа целосно се опорави. За неа, тоа беше еден вид религиозно искуство. „Се грижам за своите деца да учат од препреките, тешкотиите со кои се соочивме татко ми и јас. Тие не се родени додека живеев во Колумбија, кога сите ми ја треснаа вратата во лицето. Ова се приказни што сакам да им ги раскажам затоа што животот не е секогаш лесен и не оди сè како што е планирано “, рече Шакира, потврдувајќи дека има светла на крајот од секој тунел. Ќе дојдат темни времиња во животот на секоја индивидуа, но со одлучност, храброст и самодоверба, секој може да успее да ги надмине пречките.