Одморите во странство би можеле да бидат загрозени ова лето поради страв од нов сој на корона вирусот, кој наводно потекнува од Непал и се шири во Европа, пренесуваат странските медиуми
Официјални лица од Велика Британија стравуваат дека непалскиот сој е отпорен на вакцините против корона вирусот, а владините научници веќе ги предупредуваат министрите за опасноста од новиот вид.
Daily Mail објави дека постојат стравувања дека уште некои земји ќе бидат отстранети од зелената листа на патувања, вклучително и Португалија, каде што наводно е откриен овој вид, од Непал.
Научниците од „ Joint Biosecurity Centre “ се загрижени за растечката стапка на инфекцијата и појавата на мутации во познатите летувалишта.
Извештајот дојде откако имунологот професор Џон Бел предупреди дека Велика Британија може да биде погодена од нови соеви на коронавирус ако не се стори повеќе за да им се помогне на сиромашните нации да го вакцинираат своето население.
Тој рече дека заштитата од идните соеви не е „гарантирана засекогаш“, иако вакцините се моментално ефикасни против варијантата Делта, која за прв пат беше идентификувана во Индија.
Болниците во Непал се пред колапс по трагичниот скок во случаи на коронавирус. Бројот на нови инфекции во март беше под 100, сепак, во средината на март, беа регистрирани повеќе од 9000 нови случаи дневно.
Вториот бран во Непал беше поттикнат од зголемувањето на инфекциите во соседна Индија, но експертите сега се загрижени за новиот вид што е идентификуван.
Според „The Sun“, одморите во Европа може да бидат загрозени ова лето, поради загриженоста за новиот вид од Непал и бавната вакцинација на континентот.
Некои извори велат дека бројот на нови земји отворени за патници од Велика Британија, но и од други земји, ќе биде „крајно ограничен“ ова лето.