Сакаме ли на различен начин?

popara19 јули, 20111min01
sakame li na razlicen nacin

Сите досегашни истражувања покажуваат дека навистина постојат разлики меѓу мажите и жените, можеби не во интензитетот на љубовта, туку во манифестацијата на чувствата и во однесувањето.

Жените ја идеализираат љубовта. Кога се заљубени не приметуваат мани. Партнерот го гледаат низ розеви наочари. Истотака, подготвени се да влезат во брак порано од мажите. Но наспроти тоа, тие почесто се заљубуваат, а љубовта им е со пократок век. Верувале или не, за разлика од мажите, тие не веруваат дека постои само една вистинска љубов.

Мажите навистина сметаат дека постои само една вистинска љубов, а дека се останато се компромиси. Но тие истотака веруваат дека вистинската љубов е совршена и дека ништо понатаму не треба да се вложува за таа да се оддржи. Ако вистински сакаат, поподготвени се од жените да се оженат без обзир на социјалните и општествените разлики.

Жените се многу попребирливи при бирањето на партнерот и може да се рече на личноста во која ќе се заљубат. Затоа мажите многу почесто се заљубуваат на прв поглед. Само после третиот состанок 25% од мажите се веќе заљубени, а само 10% од жените се заљубуваат за толку краток рок. Жените се поподготвени да останат во несреќна врска и потешко се одлучуваат на прекин, но мажите после раскинувањето патат подолго и поинтензивно.

Има разлика и во искажувањето на чувствата. За жените разговорот претставува интимност, за мажите тоа се заедничките активности., па ако навистина сакаат да покажат љубов тие ќе се обидат да и помогнат на жената во домашмите работи. Сепак, дури 75% од мажите го преценуваат својот допринос кон заедничките активности. Секогаш мислат дека вложуваат повеќе отколку што тоа навистина и го прават.

Жените сакаат да разговараат за проблемите во врската, мажите сакаат да ги игнорират убедувајќи се дека како се е е совршено.

Сепак, нема формула за љубов, ниедна статистика не може да се употреби за да го усреќиме партнерот. Статистиките се некои збирни податоци, воопштени заклучоци и никогаш не се однесуваат на единечни случаи. Со нивна поможа можеме да може да ги разбереме мажите илижените, но не и својот партнер/ка.

Својот партнер/ка ќе го разберете единствено со слушање и обраќање на внимание на она што го прави и на она што очекува вие да го направите.

One comment

  • Elena

    19 јули, 2011 at 15:10

    Јас многу сакам на различен начин

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag