Диетата со сладолед ги топи килограмите

popara19 јули, 20111min00
sladoled dieta

Млечен, овошен или крем – одберете сами.

Не е вообичаено да си го расипувате одморот со диети, но да слабеете со сладолед и не е некое одрекување. Неверојатно е дека сладоледот може да помогне за слабеење, но бидејќи лесно се вари и е богат со белковини, претставува производ кој може да замени ручек или лесна вечера.

Каков сладолед да изберете?

Треба да заборавите на банана сплит и слични големи оброци од кои секој содржи повеќе од 1000 калории. Овошниот сладолед има 160, а млечниот 240 калории.

Сладоледот е многу хранлив. Млечниот содржи многу белковини, шеќер и масти, а овошниот многу витамини, минерални материи и растителни влакна. Предноста на млечниот сладолед е што содржи калциум, што го прави идеална храна за жените бидејќи го одржува здравјето на коските и спречува остеопороза.

 

Диета со 1600 – 1800 калории дневно

Понеделник

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед во корнет, 2 кајсии или една праска

Вечера: чинија пршута или шунка (80 гр) со брокула и малку сирење, интегрално пециво или 2 парчиња леб, зелена салата зачинета со маслиново масло и сок од лимон

По вечерата: 2 топки млечен сладолед

 

Вторник

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: тост сладолед, 2 кајсии или една праска

Вечера: чинија тестенини (70 гр) со свежи домати, маслиново масло и босилок, житни снегулки со млеко, моцарела, салата од домати зачинета со маслиново масло

По вечерата: овошна салата со топка овошен сладолед

 

Среда

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед на стапче, 2 кајсии или 2 праски или 2 сливи

Вечера: чинија козјо сирење (80 гр) со домати, интегрално пециво или 2 парчиња леб, печена пиперка зачинета со маслиново масло

По вечерата: 2 топки сладолед со малку шлаг

 

Четврток

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед во корнет, банана или 2 кајсии или 2 праски

Вечера: чинија супа од зеленчук со ориз (60 гр), 4 парчиња пршута (70 гр) или шунка, салата од моркови или зелена салата, зачинета со маслиново масло и лимон

По вечерата: шолја шумско овошје со топка сладолед

 

Петок

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: чаша овошен сладолед, 2 парчиња диња или 1 парче лубеница

Вечера: бела риба на скара со магдонос и малку масло, мешан зеленчук на скара (домат, тиквички, пиперка) со малку масло, интегрално пециво или 2 парчиња леб

По вечерата: леден колач

 

Сабота

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: сладолед на стапче, една шолја цреши или 2 праски или 2 кајсии

Вечера: салата од морски плодови (150 гр), рижото (80 гр) со риба и морски плодови, зелена салата или морков зачинети со маслиново масло

По вечерата: ладен млечен напиток со лимон

 

Недела

Појадок: чаша јогурт и млеко, 2 интегрални парчиња тост, мала лажичка мармалад или мед

Ручек: Сендвич сладолед, банана или 2 праски или 2 кајсии

Вечера: тестенини (80 гр) со зеленчук и маслиново масло, фета сирење (60 гр) и лист салата, салата од домати или моркови со малку маслиново масло

По вечерата: 2 топки сладолед со кафе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag