Пилешко и кашкавал за ручек во недела. Брзо се подготвува, а вкусот ќе ве воодушеви.
Состојки:
две поголеми парчиња пилешки гради
сол, бибер
3/4 чаша брашно
1 јајце
1 чаша презла
моцарела и бешамел сос (по избор)
1/2 чаша пармезан
Подготовка:
Додадете сол и бибер во месото.
Извалкајте го месото во во јајце, па во брашно и на крај во презла.
Пржете на врело масло, од двете страни.
Кога ќе порумени, исечете ја моцарелата на парчиња, ставете ја преку пилешкото. Намачкајте со сос од бешамел и пармезан.
Печете во рерна околу 30 минути на 180 степени.
Пријатно!