Екс водителката, а сега веќе инфлуенсерката Миа Костова периодов ужива во Албанија каде што е дел од маркетинг и ПР-от на „Havana Beach“.
Таа на социјалните мрежи редовно постира фотографии покажувајќи како го поминува времето. Миа исто така одговараше на прашања на следбениците кои ги интеренсира се што е поврзано за одморот и какви се условите таму.
Таа секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии од плажа, пренесувајќи ги сите впечатоци како си поминува.
Костова деновиве и имаше убав повод за славење, односно роденден на нејзиниот татко. Токму по тој повод, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави постара фотографија со татко си, а во описот напиша:
„Среќен роденден тато. Мангуп форевер. Ти сакам само да си покрај нас уште долгооооо“, напиша Миа.