Колку и да го сакаме летото, присуството на разни инсекти е неподносливо – особено кога станува збор за комарците. Кога одите во природа, можете да се прскате со разни спрејови за да се заштитите од убоди, но што ако комарците почнат постојано да влегуваат во вашиот дом?
Првото решение е да ставите мрежи на прозорците, но доколку ги немате, ние ви претставуваме три рецепти со чија помош ќе ги истерате овие досадни крвопијци од вашиот дом.
Имено, можете да направите течност, во која кога ќе ставите свеќа, ќе започне да шири силен мирис низ просторијата, којашто е неподнослива за овие здодевни инстекти.
Состојки:
- 2 парчиња лимон
- 2 парчиња лимета
- малку рузмарин
- 8-10 капки есенцијално масло од лимон
- малку вода
- свеќа
Ставете лимон, лимета и рузмарин во мала чаша. Додадете го есенцијалното масло од лимон, а потоа дополнете ја чашата со вода, ставете ја свеќата на врвот и запалете ја.
За вториот трик, потребни ви се неколку парчиња лимон или лимета и малку рузмарин. За секое парче лимон или лимета, прицврстете рузмарин и ставете ги во некоја чинија, близу прозорецот.
За третиот трик, сè што ви треба е сув талог од кафе. Ставете го на метален сад и запалете го, а непријатниот мирис ќе ги отера комарците што подалеку од вас.