ДРАМА ВО ПАЛАТАТА Хари и Меган не се консултирале со кралицата за името на бебето

popara13 јуни, 20211min0
Screenshot_4

Лилибет е прекарот на кралицата во семејството уште од нејзиното детство.

Војводата и војвотката од Сасекс не се консултирале со кралицата при изборот за име за нивната ќерка Лилибет, тврди извор од Бакингемската палата за ВВС.

Од друга страна, извор близок до Хари и Меган за ВВС изјави дека принцот разговарал со кралицата пред раѓањето на неговата ќерка – и дека тој го „спомнал“ тоа име, меѓутоа, извор од Палатата тврди дека тоа не било така.

Во неодамнешната изјава, извор близок до Хари нагласува дека парот не би го употребил тоа име ако кралицата не ја искажела својата поддршка.

„Војводата зборуваше со семејството пред да биде објавено името, а неговата баба беше всушност првиот член на семејството што го покани. За време на тој разговор, тој ја сподели желбата да ја крсти својата ќерка Лилибет во нејзина чест. Ако таа не ја поддржуваше, немаше да го употребат тоа име.“- изјави извор близок до Хари.

Лилибет е прекар на кралицата во семејството уште од нејзиното детство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma