Никој не разбира зошто го сторила тоа.
Иако во последно време се зборуваше дека нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест, се гледа со манекенката Ирина Шајк, Ким Кардашијан се обидува да не ја трогнат тие гласини.
Напротив, таа се посвети на своето производство, односно на новата колекција на плишани пижами.
Немаше да има ништо чудно во тоа, ако Ким не отиде чекор подалеку и направи тотално бесмислена работа, со што беше толку горда, па тоа го сподели на својот Instagram.
Покрај тоа што плишот беше на седиштата, на подот, на контролната табла, на Ким не ѝ беше доволно, па целиот автомобил, освен фаровите, ги прекри со плиш.
Се претпоставува дека тоа го сторила со цел да го промовира материјалот што ќе го искористила за нејзината нова колекција пижами.