Според истражувањето на професорот Тим Спектор, симптомите на таканаречената инфекција со индискиот сој на вирус или делта варијанта на вирус наводно се разликува од оние предизвикани од претходните варијанти на коронавирус, а се повеќе пациенти тврдат дека не го изгубиле чувството за мирис и вкус и немале треска, но чувствувале симптоми на настинка – течење на носот, болка во грлото и главоболка.
Ова се податоци собрани врз основа на истражување на примерок од илјадници испитаници кои ги пријавиле своите симптоми преку апликацијата.
“Немаме добри вести, гледаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, особено во северо-западот на Англија и Шкотска. Повеќето од нив се млади луѓе на возраст од 20 до 29 години и нешто постари од 40 до 49 години. Популацијата не е имунизирана или вакцинирана само со една доза, што, се разбира, не постигнува соодветен имунитет. Смртноста е малку пониска отколку кај британскиот вид, но она што мора да не загрижи е долгиот ковид, па затоа Велика Британија сè уште има проблем “, рече професорот.
Токму овие неспецифични симптоми пациентите не ги припишуваат на вирусот ковид 19, па продолжуваат со вообичаените животни и социјални навики, одат на работа и се забавуваат, мислејќи дека е сезонска настинка.
Професорот апелира на неопходноста од примање на втората доза на вакцина и останување дома веќе при појава на првите симптоми во смисла на главоболка, болки во грлото и течење на носот.
90% од сегашните случаи во Велика Британија, наводно, се поврзани со делта варијанта на вирусот, пишува Би-Би-Си.