Дали се чувствува непријатен мирис од мијалникот или лавабото? Само 2 состојки од кујната ви се потребни и проблемот е решен

popara16 јуни, 20211min0
Screenshot_1

Нема ништо полошо од непријатниот мирис од мијалникот или лавабото.

Некој веднаш ќе прибегне кон хемиски препарати, додека повеќето забораваат дека ваквите постапки влијаат на квалитетот на подземните води.

Со помош на овој едноставен трик, можете да убиете две муви со еден удар: да ја заштитите природата и да се ослободите од непријатната миризба од вашата куќа.

За ова ќе ви бидат потребни:

  • 1/2 чаша сок од лимон
  • 1/2 чаша сода бикарбона

Загрејте го сокот од лимон и додадете сода бикарбона да се раствори. Направете го тоа полека, бидејќи ќе има одредена реакција во форма на пенење, помеѓу содата и сокот.

Промешајте и полека истурете во одводот. Почекајте 10 минути за да се апсорбираат сите нечистотии, а потоа исплакнете со млаз топла вода.

Нема да има трага од непријатни мириси. Само свежина.

На овој начин ќе го исчистите одводот и ќе ги отстраните сите непријатни мириси. Можете да користите алкохолен оцет наместо сок од лимон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma