Во Африка пронајден третиот најголем дијамант во светот (ВИДЕО)

popara16 јуни, 20211min0
1623868592-profimedia-0615987016-1024x683

Неодамна во Боцвана беше пронајден третиот најголем дијамант во светот, објави компанијата Дебсвана.

Откритието се случило на 1 јуни, а дијамантот прв го видел претседателот на Боцвана.

„Ова се смета за трето најголемо откритие на драгоценост во светот“, рече директорката на компанијата Дебсвана, Линет Армстронг.

„Редок и извонреден камен, ова е од големо значење за Боцвана. Тоа носи надеж на нацијата што минува низ тешки времиња“, додаде таа.

Најголемиот дијамант во светот, Кулинан од 3106 карати, е пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Втор по големина е Леседи Ла Рона од 1109 карати, откриен на северо-истокот на Боцвана во 2015 година.

Да се потсетиме, Боцвана е водечки африкански производител на дијаманти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma