Американскиот рапер Тупак Амару Шакур, попознат како 2Pac, на 16 јуни би го прославил својот 50-ти роденден.
Почина на 13 јуни 1996 година, откако беше застрелан во Лас Вегас.
Актерката Џејда Пинкет Смит (49), бивша сопруга на актерот Вил Смит (52), често се дружеше со него и тоа пријателство траеше сè до неговата смрт.
По повод кружниот роденден на нејзиниот пријател, Џејда објави никогаш досега видена песна напишана од раперот.
„Тупак денес би имал 50 години. Додека се подготвуваме да го прославиме сето она што ни го остави, да се потсетиме што најмногу сакавме кај него – неговата вештина со зборови. Споделувам со вас неколку од нив, кои досега не сте ги чуле“ – рече Џејда.
Таа рече дека зачувала многу од неговите писма и песни што тој и ги напишал. Онаа што ја објавила се вика Lost Soulz, а актерката смета дека тоа била неговата „основа“ за истоимената песна, која подоцна ја објавил.
„Мислам дека не би имал ништо против да го објавам ова денес“, рече актерката.