Овие хороскопски знаци лесно паѓаат во стапица кога станува збор за изборот на партнер
На почетокот на љубовната врска, постојат многу предупредувачки знаци кои испраќаат сигнал дека одредена личност не е за нас, но поради заљубување, ние имаме тенденција да ги игнорираме.
Постојат хороскопски знаци кои секогаш „паѓаат“ на погрешни партнери.
Овен
Овој хороскопски знак сака да биде прв, без разлика дали е на деловно или приватно ниво. Тие не се двоумат да бидат во врска со некого само за да бидат популарни или да покажат дека успеале некого да „фатат“.
Затоа, тие би можеле да изберат партнер само врз основа на неговата популарност, а не врз основа на одликите на личноста.
Близнаци
Близнаците имаат потреба да бидат опкружени со луѓе. Не сакаат да бидат сами и затоа бегајќи од осаменоста лесно влегуваат во љубовни врски. Тие можат да се заљубат во кого било.
Рак
Раковите се чувствителни луѓе и лесно паѓаат кога мажот ќе им посвети најмало внимание и љубов. Тие многу се врзуваат и на крајот излегуваат од романсата со скршено срце кога ќе дознаат дека другата страна само си играла со нивните чувства.
Стрелец
Стрелците сакаат човек кој ќе им даде слобода. Тие сакаат некој што нема да ги гуши. Тие секогаш паѓаат на „недопирливите“ и не покажуваат интерес, пишува Пинк Вила.