Фактот дека обожаваше син туш за очи и исончани прамени може да послужи како доказ дека принцезата Дијана го обожаваше летото. Покрај тоа што воодушевуваше со изборот на костими за капење во летните месеци, таа за разни прилики воодушевуваше и со други модни комбинации.
Без разлика дали станува збор за лежерни состаноци или формални вечери, Дијана секогаш знаеше како да ја направи идеалната летна комбинација.
Беспрекорна коса и исончаниот тен беа, меѓу другото, нејзините адути за летото кои совршено се вклопуваа во секој моден избор.
Нејзиниот стил беше едноставен, но одличен, па дури и денес принцезата Дијана може да послужи како извор на инспирација за облекување во потоплите месеци.
Во нашата галерија ги издвоивме нејзините 15 модни избори кои и денес можат да се копираат. Има фармерки, лелеави кошули, лежерни фустани, но и поформални комбинации – по нешто за секоја пригода.