Руската манекенка Ирина Шајк важи за една од најубавите жени во светот, па не е изненадувачки што ниту една од нејзините прошетки не може да остане незабележана.
Папараците секојдневно ја следат Ирина и ги снимаат нејзините модни изданија, кои секојдневно нè возбудуваат сè повеќе.
Имено, манекенката беше фотографирана за време на прошетка во Њујорк додека нејзината ќерка Леа Де Сен излегуваше од градинка, а додека одеше, многумина се свртеа по неа.
Ирина носеше широки фармерки со низок струк и црн корсет што го истакнуваше нејзиното бујно, тесно деколте. Би рекле дека модата од 90-тите се враќа на големо, судејќи според изборот на Ирина.
Своите фармерки и горниот дел ги комбинираше со чевли и очила за сонце, а во рацете носеше кожна јакна.
Инаку, Ирина Шајк од неодамна е во врска со раперот Кание Вест (44), што беше потврдено кога беа фотографирани на романтичен одмор во Франција.
„Дали некој рече Ким?“, „И јас би ја заборавил Ким“, „Жената е божица, Канје не е луд“, „Убава“, „Најубавата“, се само дел од коментарите кои кружат низ социјалните мрежи.
Манекенката беше фатена среде бракоразводната парница меѓу Канје и Ким Кардашијан (40), која беше покрената во февруари годинава.
Јавноста беше изненадена што музичарот ја бакнува Ирина откако тој наводно бил шокиран од барањето на Ким за развод, се однесувал грубо кон неа и и ја отежнувал ситуацијата.
Пред Канје Вест, Ирина беше во врска со актерот Бредли Купер (46) и многумина беа изненадени од нивниот раскин. Ирина и Бредли започнаа да се гледаат во 2015 година, а две години подоцна ја добија ќерката Леа Де Сен.
Манекенката раскина со Купер во јуни 2019 година, кога се шушкаше дека тој ја изневерил со Лејди Гага, со која го сними филмот „Ѕвездата е родена“. Погледнете ги папарацо сликите на Ирина Шајк и Канје Вест во галеријата подолу: