Антон Чехов е еден од најважните руски писатели на раскази и драми од еден чин. Роден е во Таганрог на 29 јануари 1860 година и почина на 15 јули 1904 година. Студирал медицина на Московскиот универзитет и бил лекар, но пишувал уште од средношколските денови. Освен по големи дела, тој остана запаметен по неговите мудри мисли, кои се цитираат и денес.
За вас издвоивме мудри лекции и неколку афоризми кои треба добро да се запомнат:
Човекот е она во што верува.
Честа не може да се одземе, може само да се изгуби.
Не можете да побарате од калта да не биде кал.
Човек живее цел живот, учи цел живот, но само несреќата ќе нè научи.
Здрава личност има илјада желби. Болен само една.
Добриот човек се срами дури и пред куче.
Човекот треба да се чувствува над лавовите, тигрите, sвездите; дека тој е над сè во природата, дури и над она што е замисливо и изгледа чудно – инаку, тој не е човек, туку глушец кој се плаши од сè.
Ниту љубовта, ниту пријателството, ниту почитта не можат да ги зближат луѓето толку колку што е општата омраза.
Кога сонцето сјае и гробиштата се весели.
Вториот дел од животот на паметен човек се состои во ослободување од лудило и предрасуди и погрешни мислења што ги стекнал во текот на првиот дел од животот.
И за илјада години, човекот ќе воздивне вака: „Ах, тешко е да се живее“ – и во исто време, исто како и сега, тој ќе се плаши и нема да сака да умре.
Животот е, всушност, многу едноставна работа и треба да се вложат многу напори за да се расипе.
Ако не знаете како се чувствувате спрема некој – затворете ги очите и замислете дека тој го нема. Никаде. Тој не е таму, и нема ни да биде. Тогаш сè ќе ви биде јасно.
Само будалите и измамниците знаат сè, и сè е разбрано.
За да почувствувате среќа без престан, дури и во моменти на тага, треба да знаете како да бидете задоволни со сегашноста и да уживате знаејќи дека може да биде и полошо.