Инцидентот наводно се случил за време на жестока расправија во неговата куќа во Лос Анџелес, пренесува „ТМЗ“
Пејачот Крис Браун (32) наводно повторно ја удрил жената, според странските медиуми.
Имено, инцидентот наводно се случил за време на жестока расправија во неговата куќа во Лос Анџелес, пренесува „ТМЗ“.
Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели за „Us Weekly“ потврди дека Браун во моментов е под истрага под обвинение дека удрил жена за време на расправија што се случила во петокот на 18 јуни во долината Сан Фернандо. Идентитетот на жртвата не е познат во јавноста.
- Жената жртва објаснила дека таа и осомничениот се расправале и дека тој ја удрил. Извештајот за телесни повреди е завршен – рече Ломели.
„ТМЗ“ првично го пријави инцидентот, тврдејќи дека наводната жртва и рекла на полицијата дека Браун ја удрил толку силно во задниот дел од главата, што ѝ испаднал ел од екстензијата коса.
Добитникот на Греми се огласи преку Инстаграм :
„Сето тоа е лага“, рече тој.
Ова не е прв пат Крис физички да нападне жена. Тој ја претепа својата поранешна девојка Ријана (33) во 2009 година, ноќта пред наградата Греми.