ЗАПЛАКА НА СУД Бритни призна: „Татко ми не ми дозволида забременам, следуваат тужби“

popara24 јуни, 202110min0
profimedia-0428919847

Пејачката липаше на суд и ја раскажа својата страна на приказната, која долго се чекаше

Личниот живот и менталното здравје на поранешната поп принцеза Бритни Спирс е неисцрпна тема за медиумите и јавноста откако се прослави, особено откако доживеа нервен слом во 2007 година, по што нејзиниот татко Џејми ја презеде одговорноста за нејзините финансии и кариера. Токму овој факт им пречи на обожавателите на Бритни, кои минатата година го започнаа движењето #FreeBritney за да и помогнат да се ослободи од „притисокот“ на нејзиниот татко. Целиот период таа беше тивка, а сега реши да зборува пред судот во Лос Анџелес. Деталите се застрашувачки.

‘Јас сум толку бесна што не можам да спијам и депресивна сум. Сакам да ме слушнат, сакам промени и сакам промените да одат напред. Заслужувам промени. Само сакам да си го вратам животот, поминаа 13 години и тоа е доволно. Доста е и воопшто нема смисла. Готова сум. Сакам да го тужам моето семејство, да бидам целосно искрена’, отворено призна таа, а главната причина е затоа што сака да стави крај на старателството што го има нејзиниот татко над неа.

Депресивна сум и плачам секој ден

Таа беше искрена и за својата среќа, за која лажеше. ‘Да, јас сум совршено добро. Јас сум исклучително среќна. Имам убав дом, убави деца. Моментално одмарам затоа што уживам. Му реков на целиот свет дека сум добро, но лажев. Не сум среќна, не можам да спијам, депресивна сум и плачам секој ден “, рече таа пред судот. Покрај сето тоа, таа рече дека сака да роди друго дете, но и да се омажи за момчето Сем Асгари. За жал, нејзиниот татко не го дозволил тоа. Таа го обвини својот татко дека ја спречил да ја отстрани спиралата за да може да забремени. Таа исто така рече дека била принудена да зема литиум – лек за биполарно растројство – до тој степен што се чувствувала пијана и не можела да зборува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma