Необичен гостин се појави меѓу верниците во средата во Ватикан пред папата Фрањо. Тој не беше ни повеќе, ни помалку туку суперхеројот Спајдермен.
Имено, човек облечен од глава до пети во споменатиот суперхерој, во тесно црвено, сино и црно одело, вклучително и маската на Спајдермен, седеше во ВИП делот на аудиенцијата во дворот на Ватикан, Сан Дамазо, пренесува Ројтерс.
Отпрвин седеше тивко до свештеникот во црно, кој не беше изненаден што шарен филмски лик со големи бели очи седеше покрај него.
Човекот облечен како суперхерој е 27-годишниот Матија Вилардито од северна Италија. Тој добил место во ВИП-делот од публиката заради неговата хуманитарна работа. Имено, облечен во костум на Спајдермен, тој ги посетувал болните деца во болниците.
На крајот од аудиенцијата, тој се сретна со папата, на кого му подари суперхеројска маска.
Минатата година италијанскиот претседател Серхио Матарела го награди Вилардито за неговата работа со болни деца.